cheked list

ЗАКАЖИ ПРЕГЛЕД

Може да закажeте преглед од дома

price list

АНАЛИЗИ

Палета на анализи

clock

РАБОТНО ВРЕМЕ

Kако да стигнете до нашата ординација.

clock

ПРОВЕРЕТЕ

Мое осигурување мој доктор.

Лабораторија

Опремена со најсовремена, комплетно автоматизирана и компјутеризирана апаратура и софтверски решенија за обработка и чување на резултатите, лабораторијата на ПЗУ Дарон представува гордост на установата. Со извршени над 500.000 лаборториски анализи во првата година представува есенцијален дел од современите принципи и темели на работа во ПЗУ Дарон.Со палета од над 250 различни анализи лабораторијата на ПЗУ Дарон е една од водечките во Македонија.
Биохемиската лабораторија Дарон работи секој ден од 07:30ч и сабота од 08:00ч. Земање и прием на материјали за анализи се врши до 12:00ч секој работен ден и до 10:00ч во сабота. Резултатите се издаваат во 14:30ч. Со цел навремено, брзо и точно опслужување на сите пациенти заклучно со декември 2012 год. ќе го завршиме процесот на комплетно двојно опремување на лабораторијата. Со најновата набавка на нова опрема во лабораторијата сега има по два апарати од сите кои се користат во секојдневната работа и на тој начин елиминиран е ризикот од каснење и ненавремено добивање на резултатите како резултат на квар на некој од биохемиските или хематолошките анализатори. Така посебно сме горди на најновиот хематолошки анализатор sysmex xp 300 кој има капацитет за памтење на последните 40.000 примероци крв.
Посебна чест и задоволство представува соработката со INSTND eV од Дизелдорф Германија, кој ја врши надворешната контрола на квалитет и точност на анализите кои се вршат во ПЗУ Дарон, за што два пати во тек на годината испитни серуми се испраќаат во нашата лабораторија, каде се анлизираат, а добиените резулати се испраќаат во централа во Дизелдорф за што ПЗУ Дарон ги доби и престижните сертификати за точност и квалитет на аналзи на INSTAND eV.

Раководител на лабораорија : Јасмина Голабоска дипл. Инг. Биол.

 

Галерија

ТИМОТ ВО ДАРОН

ЕДУКАЦИЈА - ПРИКАЗ НА СЛУЧАИ

ДРУГИТЕ ЗА НАС

НАЧИН НА РАБОТА

ВРАБОТУВАЊЕ И ВОЛОНТИРАЊЕ

НАСТАНИ И СЛУЧУВАЊА

АКЦИИ

НАГРАДИ

СЕРТИФИКАТИ