cheked list

ЗАКАЖИ ПРЕГЛЕД

Може да закажeте преглед од дома

price list

АНАЛИЗИ

Палета на анализи

clock

РАБОТНО ВРЕМЕ

Kако да стигнете до нашата ординација.

clock

ПРОВЕРЕТЕ

Мое осигурување мој доктор.

За нас

Од своето основање во 2007 година ПЗУ ДАРОН создава трајни вредности и несебично придонесува за здравјето на своите пациенти. Почнавме скромно, со еден лекарски тим околу 1500 пациенти, и еден лабораториски тим и капацитет од 180 анализи на час.

Низ многу искушенија, тешки моменти и проблеми, низ многу победи и помалку порази, го баравме своето место под сонцето, место кое несомнено го заслужувавме. Со голема помош и верба од нашите пријатели и колеги и неизмерна доверба од наште пациенти успеавме во нашата цел и денес стигнавме до близу 5000 пациенти кои избрале свој матичен лекар во некој од тимовите во ПЗУ Дарон, што представува околу 10% од вкупната популација на градот Охрид. Со континуирано усовршување и инвестирање во сопствениот кадар и апаратура, поставивме нови стандарди во лабораториската дијагностика и за 5 години го дуплиравме нашиот капацитет од 180 на 360 анализи на час.Во тригодишното работење на одделот за интерна медицина и дијагностика преку 3000 пациенти ги искористија услугите на овој оддел и добија специјалистичко-консултативни прегледи на највисоко ниво. Впрочем за нас најдобро зборуваат не зборовите, туку бројките:

Фискална година 2011:

  1. Број пациенти кои го избрале својот матичен лекар во ПЗУ ДАРОН - 4.745
  2. Број на прегледи во одделот за примарна здравствена заштита - 11.000
  3. Број на пациенти за лабораториска дијагностика - 13.000
  4. Број на прегледи во одделот за интерна медицина и дијагностика - 2.000
  5. Број на прегледи во центарот за тироидологија - 500

 

Галерија

ТИМОТ ВО ДАРОН

ЕДУКАЦИЈА - ПРИКАЗ НА СЛУЧАИ

ДРУГИТЕ ЗА НАС

НАЧИН НА РАБОТА

ВРАБОТУВАЊЕ И ВОЛОНТИРАЊЕ

НАСТАНИ И СЛУЧУВАЊА

АКЦИИ

НАГРАДИ

СЕРТИФИКАТИ